Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Преспа, кажа дека парламентарното мнозинство во иднина ќе биде поголемо од сега. Тој му одговори на Христијан Мицкоски, кој кажа дека имало притисок од полукриминални групи кон пратениците во Собранието.

Ова му е трета лага на Мицкоски. Пред 1 година во Собраинието дека има 61 пратеник за уривање на владата, па пред нова година кажа дека има 61 пратеник, и сега каже дека полукриминални структури, не знам каков е тој збор, или има криминални или чесни структури, а ние во СДСМ сме чесни. Сите одлуки се носени едногласно во партијата. Никој од партијата не им барал ниту меници, ниту изјави на нотар на пратеници како Мицкоски, за да ги држи во заложништво. Исто како што Апасиев го држи Мицкоски во заложништво. Нема никакво притисок, пратениците одлучуваат самостојно, и без притисок и да му порачам парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо од тоа што е денеска, кажа Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.