До 2028 година ќе завршат преговорите, по две години ратификација ќе следи членство во ЕУ, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Вакви муабети дека водата е мокра, сонцето е топло, се изнаслушавме вакви муабети“, возврати Мицкоски.

Тој додава дека по потпишување на договорот со Бугарија, се случи антагонизам меѓу двата народи. Според него туристичките посети меѓу двете земји се намалени, а односите се влошени.

Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема план како да станеме членка на ЕУ. Според него опозицијата сака да ја блокира иднината на државата.

Мицкоски вели дека за ниту една работа никогаш вратата не се затвора. Тој додаде дека она што е во интерес на граѓаните, тој ќе го поддржи, било да е тоа прекугранична соработка со источниот сосед, туризам или нешто друго.

Ковачевски не го оправдува ставот дека сите се против нас и дека сите се здружиле против нас.

„На крај на што ќе се сведе? Криви ни се соседите, криви се внатре, на крај крива ќе биде ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој потсети дека се отворени преговори со Украина, Молдавија и БиХ. Вели дека сака да ја види Македонија на масата во Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.