Ковачевски дезертираше од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, не сакаше да ги штити националните интереси.Дезертерот Ковачевски единствено што знае е да дезертира кога и е потребен на државата.Ковачевски не беше помеѓу Македонците од Бугарија, тој се откажа од нив, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозицијата ,Ковачевски е наследник на Заев кој ги создаде проблемите на Македонија и чија политика на виткање на кичма ја предизвика негацијата на јазикот, идентитетот и историјата.
Ковачевски е наследник на Заев, кој ја извади кованицата еден народ, и еден јазик, кои беа изненадување и за најголемите бугарски шовинисти.Сега може да види дека ниту тој, ниту Заев се Македонија, и дека штетата која тие ја нанесоа ќе се исправи, но народот нема да заборави како ги рушеа националните интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.