Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која во Советот на Европска Унија ќе го поздрави почетокот на преговорите на Албанија.
Албанија денеска официјално ќе ги почне преговорите додека Македонија ќе чека да ги стави Бугарите во Уставот.
Според агендата предвидено премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.
Албанската, 25-члена владина делегација, која ја предводи премиерот Еди Рама отпатува за Брисел за да учествува на утрешната прва меѓувладина конференција Албанија-ЕУ.
Покрај другите во делегацијата ќе бидат и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, главниот преговарач Зеф Мази, како и други претставници вклучени во овој процес.
Средбата ќе трае 90 минути, а по неа ќе има прес-конференција. Делегацијата на ЕУ ја предводи чешкиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, како и високиот претставник за надворешни работи Жосеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кои силно го поддржаа одржувањето на оваа конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.