Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема пример во светот каде  што политичка партија учествува во Влада, а не ја поддржува.

Кога се учествува во Влада значи таа влада треба да се поддржи. Не постои пример во светот каде политичка партија учествува во Влада, а не ја поддржува. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ согласно Закон исто како и другите политички партии кои се повикани да имаат министри во техничката Влада, треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа влада“, одговори Ковачевски на новинарското прашање за тоа дали кандидатите министри од ВМРО-ДПМНЕ, нема да бидат потпишани, односно ќе има празно место.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа влада, сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи Влада во која тие места ќе бидат празни. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи владата, наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои им следуваат“, рече премиерот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.