Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е главен скандал-мајтор во Владата. Тој е како тефлонска тава, сѐ се случува во МВР, сите криминали, а тој никогаш не е одговорен.
Шест години е министер, во министерството владее хаос, неспособност и криминал, оценува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски.
Тој во интервјуто за „Република“ објаснува дека целата влада е криминална и оти Спасовски е во спрега со Ковачевски и со, како што вели, газдата на оваа влада, Артан Груби.
Коцевски смета дека не можат да се добројат скандалите на Спасовски и оти тоа е можно само со соработка со криминалците.
Ова со обидот за бегство од Идризово не ме изненадува. Избегаа и многу други затвореници и што е најважно и никој не одговараше. Владата ќе се обиде да го заташка, но идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ова нема да го заборави и ќе има одговорност.
Коцевски вели дека кога Спасовски си легнува и станува има најмалку десет тешки кривични дела. Објаснувајќи го неодамнешното убиство на Кале, пратеникот вели дека ова е битка меѓу неколку клана, налик на Кавачкиот и Шкаљарскиот клан.
Нашите се отидени подалеку од овие кланови и наликуваме на Латинска Америка. Можат дури и да ни позавидат како е пресликано од Оливер Спасовски – вели пратеникот за „Република.“.
Тој потсетува дека не смее да се заборави и за аферата кога над 200 криминалци добија македонски пасоши.
Нема кој не доби, секој што сакаше да добие пасош за 20.000 или 30.000 евра добиваше пасош. Има два вида на пасоши фалсификат, верен на оригиналот и оригинален. Овие беа апла оригинални со промена на идентитет дали од починат граѓанин или од луѓе што никогаш не излегле од земјата. И кој одговораше, некој обичен службеник и тоа кривично дело место гонење за организиран криминал беше префрлено во Основно јавно Обвинителество и никогаш не стигна до Спасовски. Ова нема да се заборави, ова е дело што никогаш не застарува. Згора на тоа немаме докази дека овие пасоши се поништени.
Коцевски најавува дека кога ќе дојдат на власт ќе ги искоренат партиските вработувања во МВР.
Не може некој вработен од надвор да станува началник. Не може поранешен градоначалник да се вработува во МВР за да добие пензија ,како Борис Георгиевски од Гази Баба, како и градоначалниците на Вевчани, Конче и Јегуновце. Ова е срамота и го прават без срам.
Пратениккот најавува одговорност и за случаите „Ласкарци“, „Беса транс“ и за „Модуларната болница во Тетово“.
Од „Ласкарци“ произлезе и „Беса транс“. Еден технички неисправен автобус за една година излегол 300 пати и се случи живи луѓе да изгорат.
Коцевски нема дилеми дека обвинителката Вилма Рускоска е колатерална штета на Оливер Спасовски.
Таа имаше нешто за Оливер Спасовски и ја сменија. На нејзино место Груби и ДУИ го избраа Абази.
Коцевски нагласува дека за да се исправи неправдата што им се прави на уставобранителите, ВМРО-ДПМНЕ на следните избори треба да има големо мнозинство. Според него, она што се случуваше во Собранието е еден добар спин на власта.
Сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме предлог за амнестија на уставобранителите. Граѓаните треба да знаат дека Собранието нема календар за работа. На пример, Џафери може вечерта да закаже седница за утре како што беше случајот овој закон да се стави на дневен ред за разгледување. Овие спинови не ме чудат.
Коцевски потсетува дека пратениците од коалицијата се едногласни дека уставни измени нема да има, но оти тој е зачуден од изјавата на Маричиќ дека ќе пратат странски државници булдожери да направат притисок.
Тоа е страшно и треба Обвинителството да реагира. Ние сме суверена или не сме. Од една страна самиот си ја покажува неспособноста во она во што не вплеткаа да сега омразата меѓу Македонците и Бугарите е на највисоко ниво од Втората светска војна. Јас како пратеник немам мандат да гласам за уставни измени. Јас немам ништо против Бугарите да влезат во Уставот, но нам од исхдот на историската комисија, Договорот за добрососедство и од содржината на Францускиот предлог ни зависи исходот на преговорите. Со уцена не прифаќаме. Што кога ќе дојде Гоце Делчев? Бугарија повторно ќе блокира. Францускиот предлог може да се репреговара, тоа е лист хартија. Мора да има реципроцитет, не може само Македонија да биде уценувана.
Коцевски е убеден дека се блиску до мнозинство на следните избори.
Блиску сме до 60 пратеници и затоа ги повикувам граѓаните во што поголем број да излезат на следните избори и да гласаат за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и за подобра идината за Македонија.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.