Нека нè ве залажуваат Макрон, некојси Вархеиј, едикојси Радев, врховистичко-балистичката северна групиривка, некојси Таче и сл. Предлогот за бришење на (се)македонското име и на Македонците од лицето на Земјата, не се прифаќа, се кине, се фрла и се заминува од недоличното место!, пишува во статус на Фејсбук историчарката Наташа Котлар.

Здравје во некои други времиња, можеби повторно ќе седнеме на муабет, но како Македонци, достојни на чинот! Уште пред една деценија е напишан македонскиот одговор на белосветските (европски) идотски драскања, од единствениот Петре М.Андреевски: „Браќа и сестри, бидете на штрек, не подарувајте го идеалот на вашиот минлив живот, не напуштајте го храмот што го носите во вас, не напуштајте го и кога знаете дека е разурнат, исправете ги неговите урнатини, зашто само така ќе си ја вратиме и вербата во себе си. Не срамете се од ништо што е ваше , ставете го во вашата љубов како порака на сите наши претци кои пред нас биле некаде тука можеби на истите овие места што ги зафаќаме ние. Не дозволувајте некој друг да ни ја контролира нашата свест и нашата национална гордост. Презирајте ги сите оние што ни го присвојуваат името, но и црквата, јазикот, писмото што всушност го позајмиле од нас.“ – Македонски манифест, Петре М. Андреевски, пишува Котлар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.