Бојко Борисов денеска демонстрира лидерство и пријателство кон Македонија.

Ова специјално за БГНЕС го изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски по повод одлуката на Борисов да даде зелено светло за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ.

Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас, рече Бучковски, кој беше и специјален пратеник кај властите за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за почеток на преговори од страна на Македонија. Кирил Петков го нарече кукавица и лажго кој се крие зад Народното собрание и нема храброст да преземе политичка одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.