Ова овде е улицата Илинденска, а се вика Илинденска заради насловот на Вапцаров. Пишуваше за Илинденска, таму пишува дека вината не е наша, туку на некој друг и тоа некому му тежи како сто тона, и се ние Македонците ќе ѝ раскажеме на мајката Македонија. Ете ја нашата историја, меѓутоа како да пишува за нашето време, за етноцид, културоцид и тоа замислете во 21 век, рече универзитетската професорка Наташа Трајкова Котлар на денешниот протест пред палтото на Владата на Република Македонија.
Котлар нагласи дека договорот за добрососедство со Бугарија не значи ниту мир, ниту рамноправност, туку лицемерие укажувајќи дека со овие барања Бугарија нема ништо европско во однесувањето.
Но, за да биде тоа уште полошо имаме два договори, Преспански и оној Бугарскиот. Овде гледаме триумфализам на оние кои што ни нудат европски вредности, наводен мир, рамноправност, добрососедство, убаво однесување, а фактички лицемерие. Фактички Македонија дава европски вредности. Ние сме тие кои што имаме историја, идентитет, јазик, култура, и кои што треба да бидат заштитени од оние кои што сега ги слушаме, им порача Котлар.
Сакам да им порачам со зборовите на Горан Стефановски: не чепкај тука, кога ќе спечалиш и кога ќе заработиш, тогаш можеш да продаваш, а ова е наше, народно и македонско, изјави Котлар.
Котлар потсети и на правото на самоопределување нагласувајќи дека секој народ во светот има право на самоопределување, па така и македонскиот народ го има истото тоа право.
Секој народ во светото има право на самоопределување, така и македонскиот народ има право на самоопределување, изјави таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.