Изминаа 18 месеци од носењето на Еуростандард банка во стечај, институциите во Република Македонија кои беа задолжени со закон да го бранат мојот интерес и капитал се ставени под влијание на поединци и групи блиски до политичките структури на власта, вели Трифун Костовски во својата последна колумна за „Плусинфо“.

Денес повторно ќе се навратам на прашањата поврзани околу стечајот на Еуростандард банка, меѓутоа овој пат сакам посебно да се осврнам на местото и улогата на институциите на системот и нивната функционалност во нашиот живот. Република Македонија е демократска земја со вграден принцип на парламентарна демократија. Парламентарната демократија е највисок степен, барем за мене, за начинот како треба да се развива државата, севкупното општество во државата и посебно поединецот кој што треба да ги реализира своите потреби, права и обврски.

Излеговме од еднопартискиот систем и едноумието кон крајот на 80-те години и по начинот на кој се практикува демократијата во денешна Македонија, сѐ повеќе сум убеден дека влеговме во безумие. Безумието кое денеска е сеприсутно во Република Македонија се отсликува во сите пори на нашето живеење, почнувајќи од образовниот систем и неговото спроведување, поставувањето на здравствениот систем и неговата функционалност, поставеноста со веќе длабока политизираност во институциите МВР, Обвинителство, судство и институцијата Народна банка.

Во секое демократско општество каде што владее правото, приватната сопственост и капиталот се светост. Дали ова важи за Македонија? Бидете убедени дека апсолутно не. Во Македонија постои квази демократија со квази парламентарен систем кој е во функција исклучиво на лукративните интереси на поединци и групи за нивно лично богатење, каде што личниот интерес и интересот на своите приврзаници се става на пиедестал.

Целата колумна тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.