Од срце денеска ја прифатив поканата и го посетив Домот за стари лица и дневен центар „Отворено срце“ во близина на локалитетот „Цареви кули“, напиша на својот фејсбук профил Костадин Костадинов.
Заедно со бабите и дедовците кои својата старост ја поминуваат во овој дом, ја одбележавме Старата Нова година кршејќи лепче со паричка. Си поминавме прекрасно, во убава и позитивна атмосфера, богата трпеза и убав муабет.
На добитничката на паричката и подарив скромен подарок, а на сите им посакав многу здравје и убави моменти во Новата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.