Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Неговата реакција доаѓа откако денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење не е исправна поради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното.
Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.
Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски, напиша струмичкиот градоначалник.
Додава дека „струмичани се трпеливи, издржале многу неправди и злобни работи и ќе го издржат и ова“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.