Ви благодарам за вашето присуство на овој свечен чин да посведочиме на уште еден капитален проект во општина Јегуновце. Ветеното се остварува, а општината денес е вистински сервис на граѓаните. Општина Јегуновце денес е отворена, транспарентна институција и јас како градоначалник сум постојано достапен за граѓаните. Мојата канцеларија и вработените во општина Јегуновце се секогаш на располагање и ги решаваат проблемите кои се од локална надлежност. Во согласност со мојата програма и барањата на моите сограѓани ве информирам дека во изминативе месеци работевме вредно, посветено, чесно и успеавме да завршиме неколку капитални проекти, од кои сега ќе ги набројам, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.

-Завршена е изградба на колекторот за фекална канализација во село Жилче, село Шемшево и целосно оспособување и пуштање во употреба на фекалната канализација во населеното место Жилче;

-Во завршна фаза е изградба на два мини парка во населените места Јанчиште и Јегуновце, комплетно се реконструира основното училиште „Симче Настовски“ во Вратница и тоа поставена е нова термо фасада, реновиран е целиот внатрешен дел на училиштето, инсталирано е парно за греење на пелети;

-И во населено место Сиричино е изградено кошаркарско игралиште со обезбедени финансиски средства од наш иселеник во САД;

-започнавме со изградба на локални улици со бекатон плочки во повеќе населени места на територија на општина Јегуновце;

-Обезбедивме пластични канти за комунален отпад и истите ќе бидат поделени на секое домаќинство во периодот што следи, вели Костадиноски.

Тој додава дека дополнителни инвестиции кои се планираат за тековната 2022 година се:

-Во финална фаза е решавање на долгогодишниот проблем со вода за пиење за населените места Шемшево и Жилче;

-промена на досегашниот начин на затоплување во подрачните основни училишта во Туденце, Жилче и Ратае со топлински пумпи со кои ќе инвестираме во нова, модерна, економична и незагадена технологија за нашите најмлади жители односно децата;

-Изградба на тротоари во населените места Копанце и Јанчиште;

-Во фаза на тендерирање е проектот и реконструкција на локалните патишта и улица во населеното место Јегуновце.

Почитувани пријатели денес сум многу среќен и радосен што успеавме да ја отвориме новата детска градинка „Цветови“ која ќе згрижува 50 дечиња и тоа 25 од македонска паралелка и од 25 од aлбанска паралелка. Градинката е целосна опремена и ги исполнува сите стандарди, инсталирано е ново модерно парно за греење, со топлинска пумпа, поставени се дополнителни детски реквизити во надворешниот дел на градинката и комплетно оградување на целата градинка. Градинката „Цветови“ е подготвена за дечињата од општина Јегуновце и од мое име и од името на целата општинска администрација им посакувам среќни, весели денови на сите дечиња и на вработените од новата градинка, вели Костадиноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.