Македонците од Србија бараат од претедателката Гордана Силјановска-Давкова да се повлече коспонзорството од Резолуцијата за Србреница во Обединетите нации.

Горан Илијевски, претседател на партијата на Македонците во Србија вели дека новата претседателка мора веднаш да реагира и Македонија да не биде во групата на земји кои се промотори, односно спонзори на оваа срамна резолуција.

Конкретно, тие испратија писмо до претседателката во кое бараат во согласност со нејзините уставни надлежности да се повлече самоволната одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи изјави дека лично донел таква одлука и со ја злоупотреби својата фунција.Тој нема такви ингеренции бидејќи станува збор за техничка влада и во таков случај само претседателот на државата има таква надлежност.. Министерот лична одлука може да носи во кафеана или во партија. Големо зло е коспонзорството. Дали тој го штити националниот или личниот интерес? прашува Илијевски за „Република“.

Згора на тоа, Собранието на Македонија во 2010 година веќе има донесено одлука дека во Сребреница не се случил геноцид туку воено злосторство.

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН која не е обрзувачка и со која Србите треба да бидат прогласени за геноциден народ е на дневен ред во четврток.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.