Цел живот сум одел во Бугарија и сум работел и никогаш никој не го ни покренал тоа прашање, дали сум Македонец, вели македонскиот композитор Григор Копров, кој во новата „Еден на Еден“, меѓудругото, сакаше да го каже својот став за моменталните односи со Бугарија, за кои смета дека се наметнати и дека 90% од бигарскиот народ не го интересираат.
Во новата епизода, која ќе се емитува оваа недела од 18.30 на „Канал 5“, тој раскажува и дека кога реновирал својот дом во Охрид, во четирите ѕидови пронашол крстови и пергамент кои ги потврдувааат кажувањата од неговите дедо и прадедо за нивното семејство.
Тој го покани бугарскиот претседател Румен Радев да дојде на 30-годишнината од „Охридски фестивал“, но и му порача:
Од еден инцидент, еден претседател на држава си дозволува да ми каже дали сум Македонец. Нека дојде и нека повели, ќе му ги дадам и крстовите и пергаментот. Не верувам дека тој си ја знае лозата 700 години.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.