Светот повторно е соочен со најголем предизвик. И ОБСЕ е во очи на бурата на тековната агресија на една држава учесничка над друга. Агресијата на Руската Федерација против Украина е неоправдана и погрешна. Тоа е флагрантно кршење на Повелбата на ОН, основните премиси на меѓународното право, а пред сè вредностите на хуманоста. Оваа војна ги нагризува и темелите на ОБСЕ, чија визија како центар на меѓуконтинентална безбедносна соработка, е сериозно тестирана. Како претседавач со организацијата во 2023 година конфликтот во Украина и намалување на далекусежните последиците од кризата ќе биде наш висок приоритет.

Ова го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, во своето излагање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, претставувајќи ги приоритетите на претседавањето на Македонија со организацијата во 2023 година.

– Двата критични двигатели, дијалогот и консензуалното одлучување, чија цел е мирна соработка и одржливост, се настрана. Ова ги парализира средствата на нашите организации и ги заглавува нивните процеси, додавајќи, во исто време, дополнителна неизвесност и непријатност низ регионот на ОБСЕ и пошироко, дури и доведувајќи ја во прашање нашата иднина како организација, рече Османи.

Тој посочи дека ОБСЕ и нејзините земји-учеснички со години инвестираат во градење доверба, институции и механизми; инсистирање на дијалог, на моменти досадни, а сепак многу потребна алатка за надминување на споровите, токму довербата и соработката беа меѓу првите жртви на оваа агресија.

– Веќе повеќе од шест месеци се избираше сила наместо дипломатија. Духовите на историјата ја зазедоа мултилатералната сцена, доминирајќи на глобалните агенди, истовремено оптоварувајќи ја работата на меѓународните организации. И нашите, во ОБСЕ. Во оваа сложена позадина, Македонија треба да го преземе претседавањето во 2023 година, рече Османи.

Сегашната состојба на игра е, вели, мрачна, а она што престои е загатка, а прашањето како да се води организација со буџетски проекции за 2023 година, додека буџетот за 2022 година сè уште лебди во воздух, е само еден од многуте предизвици за организацијата.

– Претседавањето предиспонира лидерство и ние ќе се погрижиме да ја истражиме секоја авенија што води до консензус. Сепак, решенијата и напредокот зависат од сите нас. Единствениот пат напред е да се потпреме на ефективен мултилатералност воден од решенија, заснован на почитување на основните принципи кои лежат во срцето на нашата организација. Ние ќе се фокусираме на нашата цел: правење разлика на теренот; спроведување на нашите обврски и обнова на стабилноста преку враќање на дијалогот, рече шефот на дипломатијата Османи.

Тој при тоа нагласи дека во првата политичко-воената димензија, превенцијата и управувањето со конфликти ќе останат висок приоритет, а во тие рамки пред сè војната во Украина.

– Украина ќе остане наш висок приоритет. Тоа беше и причината што го поддржавме продолжувањето на активностите на ОБСЕ во Украина. Сепак, да не заборавиме дека има тензии и на други места во регионот на ОБСЕ кои исто така предизвикуваат голема загриженост. Важно е да се надоврземе на постоечките формати, обезбедувајќи поддршка за нашето присуство на теренот и други операции на терен. Организацијата треба да остане ангажирана низ регионите во потрага по мир, истакна Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.