„Комити“ подаваат рака за помош кон „Чкембари“, откако битолчанец го загуби домот во пожар. Верните навивачи на Вардар ќе донираат пари за верен навивач на Пелистер кој остана без дом откако се запали неговата куќа.

Групата одлучи целиот приход од гостувањето во Кратово, да го донира на членот на н.г. „Чкембари Битола”, кој при пожар го загуби сопствениот дом, соопштија „Комити“.

Тие ги повикуваат сите во Кратово.


Од „Чкембари“ објавија трансакциска сметка за донации семејството полесно да ги санирање на штетите во што побрз период односно пред да паднат температурите под нулата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.