Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ ги охрабрува пациените да ги достават поплаките за проблемите со кои се соочуваат на Универзитетската клиника за Онкологија и радиотерапија во Скопје. Од Комисијата велат дека пациентите и нивните семејства се жалат дека во моментов ја нема потребната современа терапија за сите пациенти кои имаат потреба.

Ги охрабруваме сите кои се соочиле со проблем да продолжат да ги доставуваат до Комисијата на следниот маил: [email protected]. Истите ќе бидат разгледани во доверлива попстапка, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека со пријавување на неправилностите целта е да се работи на надминување на истите, бидејќи се соочуваме со целосно растурен здравствен систем.

Во меѓувреме, од Министерот за здравство очекуваме информација кои се корективните мерки што ќе ги превземе раководството на Клиниката на онкологија за вакви немили настани не се повторуваат.
До кога ќе се разгледува КАТО системот и дали има одлука за негово активирање. Дали единствено ќе се најде оправдание во решението вработените на Клиниката дека заеднички „ќе одлучувале” за терапијата, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.