Комисијата за заразни болести предлага да се укине задолжителното поседување на сертификат за вакцинација или прележаност на коронавирус за влез во земјава. Тие предлагаат сертификатот да се поседува за влез во ресторани и барови.

Предлогот за влез во земјава без сертификат треба да биде изгласан и на Влада.

Владата вчера ја укина мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.