Зошто доцнат платите на вработените во Здравствен дом Скопје, односно до денес не им беа доставени договорите за плата од месец Март 2023?, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Организацискиот директор на ЗД Скопје, Вулнет Селими назначен од министерот Меџити наместо да ги заплашува и казнува вработените од одредени поликлиники треба да се запраша зошто во време на финансиска криза и инфлација,дополнително ги деградира и демотивира здравствените работници во оваа ЈЗУ и покрај лошите услови во кои работат?
Прашуваме кој го контролира и кој ќе го санкционира неговото ненавремено извршување на работни обврски?Ниските примања ,лошите услови за работа и мобингот се главни причини за одлевање на стручниот медицински кадар а токму ова е резултат на лошата кадрова политика на ресорот предводен од Меџити кој додека ја замајува јавноста дека ќе ги разрешува економските директори, а во меѓувреме назначува партиски кадри во клучни установи за кои јавноста нема ниту основна информација кои се тие лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.