Наместо одговорност и преземање мерки од Клиника за гинекологија за непочитување на процедурите на Клиника за гинекологија и оставки од двајцата директори за случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец, Клиниката за гинекологија праќа дописи до ДСЗИ, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Две недели по немилиот настан за случајот со пациентката освен што нема одговорност иако се евидентирани пропусти, директорите Викторија Јовановска и Јетон Шаќири немаат преземено ништо за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа и со тоа го доведуваат во прашање нивното здравје.

Се грижат ли надлежните институции за психичкото здравје на трудниците што е од исклучително значење.

Можел ли да се превенира со навремен преглед овој немил настан?

Дали за Клиника за гинекологија има достапен 24 часа конзилијарен психијатар и дали викендите се покриени со достапен конзилијарен специјалист психијатар?

Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да се увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно?

Каде е Комитетот за безбедно мајчинство да иницира корективни мерки за заштита на мајките и бебињата по последните актуелни случаи за кои во јавноста нема информации за нивно расчистување?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.