Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава пред Соборниот храм во Скопје, на новинарско прашање во врска со предлогот на Слави Трифонов да се симне бугарскиот визен режим од САД за деблокада на македонските европски интеграции и преговорите со Бугарија, истакна дека Слави Трифонов е еден од главните промотори и македономрзци промовирани во јавноста, а Ковачевски нема летимитет да преговара за идентитетот на македонскиот народ, треба да се слушне гласот на народот во преговорите со Бугарија.
-Во неколку денови имаме неколку различни изјави од комедијантот Трифонов, неколку денови гледаме како останатите коалициони партнери во Владата го демантираат, немам што да дадам дополнително како коментар на изјавите на комедијантот Трифонов, кој што е еден од главните промотори и македономрзци промовирани во јавноста во изминатиов период, истакна Мицкоски.
Мицкоски во однос на посетата на бугарскиот премиер Петков во Скопје и очекувањата од истата истакна дека нема официјална потврда и информација за таквата средба, а очекува решение коешто нема да одлучува за идентитетот на македонскиот народ и ќе биде во немилост на нелегитимен премиер и на авантурист преговарач како Бучковски.
-Очекувам да се слушне гласот на македонскиот народ, на најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, која има најголема пратеничка група во Собранието, од определени гимнастики познати на јавноста е за жал во опозиција, а со најголем број градоначалници и советници, политичка партија која го депласираше СДСМ на последните локалните избори, а како што стојат мерењата на јавното мислење ќе го депласира и на наредните парламентарни избори, рече Мицкоски.
Тој посочи дека мандатарот кој ќе го предложи составот на новата влада нема легитимитет да преговара во името на македонскиот народ за неговиот идентитет, а уште помалку авантуристот Бучковски да дава ветувања и да ја гази преговарачката позиција која со години е градена.
-Очекувам не само од Петков туку и од сите оние кои го фасилитираат процесот да го слушнат гласот на народот и на најголемата политичка партија, која има што да каже по ова прашање, истакна Мицкоски во денешната изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.