Шокантно е ова што го слушам, сега не знам дали оваа Влада е во оставка, во што ли е, дали таа е регулатор кој што треба да биде независно тело па од името на Регулаторот зборува. Навистина сум шокиран од непознавањето на материјата, а од друга страна од лицемерието. Бидејќи ги оставија општините во катастрофална ситуација“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговори на прашањето на медиумите по дадена изјава пред Соборниот храм говорејќи за енергетската криза и проблемот со ЈСП.

Мицкоски додаде дека оваа неспособна власт општините ги остави во катастрофална ситуација и тоа, во економска криза, исто така и човечка бидејќи мотивот и дисциплината во сите општини во градот е на многу ниско ниво.

И се дрзнуваат грубо да го манипулираат народот, мислејќи дека на тој начин ќе ја покријат својата неспособност. Но, се лажат бидејќи народот е мудар. И овие очајнички обиди на луѓето кои што продолжуваат да се дават во сопственото политичко блато или мочуриште ќе бидат жестоко казнети на предвремените парламентарни избори. Народот не треба да очајува, не треба да губи надеж бидејќи доаѓаат луѓе кои што се од народот и ќе работат само за интересите на народот, а не за сопствените или тесно партиските интереси“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека човекот кој претендира да биде премиер честиташе Нова година без македонското национално знаме, а тоа доволно говори за каква Влада станува збор и за каков човек станува збор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.