Водачот на про-бугарската партија ГДУ, Петар Колев, ја обвини Македонија дека наместо да преговара со Бугарија за споровите кои Бугарија ги има покренато, таа се обидува да го тргне ветото барајќи странски држави да извршат притисок врз Софија.
Проблемот е во тоа што во последните години Македонија прифати една тактика – место ние дојдеме во Софија на искрен, братски, братучедски разговор, со политичари од Бугарија, ние бараме да ги решиме нашите роднински проблеми преку притисок од странци. Зошто го правиме тоа?, вели Колев.
Според него, причината за ова е што дел од македонската политичка елита не може да ја прифати реалноста од блиското и подалечното минато и да ја пренесе пред македонската јавност. Владите на Заев и на Ковачевски се обидоа да добијат поддршка од Германија, САД и други земји за да се надмине спорот со Бугарија, но досега ова не вроди со плод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.