Незадоволните од ДУИ продолжува со средбите со граѓаните и структурите кои ги поддржуваат. Синоќа беа во Чаир каде неколку пати имаа проблем со струјата. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу рече дека ова намерно го прави Артан Груби.

-Од организацискиот совет ме информираат дека намерно ја исклучуваат и ја пуштаат струјата од таму, но уште еднаш го известувам Артан Груби, што поскоро да си оди од извршната власт и да ја ослободи ДУИ. Што поскоро си замине, нема да направи повторно како во 2016 година некој да ги гаси светилките навечер-изјави Ганиу.

-Се обидов да му се извинам на раководството да го скратиме времето поради прекинот на струјата, но ништо друго не направија освен што не урочија за овој најголем собир во салата „Шабан Трстена“ во Чаир-рече Меџити.

На својот Фејсбук реагираше првиот вицепремиер Артаб Груби. Тој пишува дека благодарение на успешните политики на Владата, и покрај големата енергетска криза, не сме имале ниту една секунда рестрикции или прекини на струјата.

-Со жалење слушам банални изговори и клевети за „исклучување на струја“ додека се вклучени сите светилки и рефлектори во салата и нема ниту еден момент прекин на струјата. Силната светлина ги заслепува дури и очите, пишува Кадаре . Да го зачуваме образот за и утре да се видиме и да разговараме-напиша Груби.

Во меѓувреме, од Чаир, Меџити рече дека доколку гласачите на Чаир знаеле дека Груби ќе биде вицепремиер во Владата, ДУИ немаше да обезбеди 15 пратенички места во Собранието.

-Оваа извршна власт со измами дојде до извршната власт затоа што многу сум сигурен дека да знаеја чаирчани дека Артан Груби ќе биде вицепремиер, со најголема искреност ви кажувам дека ДУИ сигурно немаше да има 15 пратеници. Немаше да биде победник во тој изборен циклус затоа што пробавме-рече Меџити.

Меџити рече дека ДУИ во 2016 година за прв пат излегла од изборите како губитник, како трета партија, а тоа е затоа што му препуштија на некој друг да бара гласови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.