Koга човек нешто ќе каже може и да се заборави, но кога ќе напише на социјалните мрежи тоа останува забележано. Коментарот можеби и ќе го избрише, но постои опцијата „скриншот“ .

Тоа му се случи и на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Тој пред неколку дена беше претепан па експресно однесен во Софија иако против него се води постапка и тоа кривична.

Но, Христијан иако е сега голем Бугарин, не било отсекогаш така. Во една преписка на Фејсбук тој се кара со соговорниците дека Никола Карев е голем Македонец а не Бугарин.

Пендиков и се колнел дека има само македонски пасош а недај боже  бугарски.

„Секој треба да се бори за Македонија затоа што друга татковина немаме“.

Но, по шест години Христијан пее друга песна, очигледно не македонска.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.