„Според лица вработени во М-НАВ со кого Телма разговараше дојдовме до информација дека од неодамна е вработена сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, снаата на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, снаи и синот на поранешниот пратеник од ДУИ Ејуп Алими, внук на советникот на директорот Беким Незири како и внук на министерот за земјоделство Љупчо Николовски“, посочија од „КОД“ во вечерашното истражување кое се емитуваше на телевизија Телма.

Тие додадоа дека според нивни извори во М-НАВ е вработен и внук на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. Додека пак роднините на Незири и Николовски работат како помошници контролори, а во оператива е сестрата на Бујар Османи, а останатите се во администрацијата.

„Лабинот Ќерими еден од осомничените дека бил дел од групата на Беким Незири кои упаднаа во зградата на М-НАВ и нападнаа контролор исто така е поранешен вработен во М-НАВ и баџанак на Незири велат лица вработени во М-НАВ“, рекоа од „КОД“ во вечерашната емисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.