Актерот Сашко Коцев, попладнево објави фејсбук статусот во кој се пошегува на сметка на владата.

– Среќа ја тргнаа оградана пред влада па ни тргна, иначе уште ќе тапкавме у место, напиша Коцев на својот фејсбук профил.

Кованата железна ограда беше отстранета од пред зградата на Владата на пред повеќе од три години. За оградата која три години стоеше пред Владата, одлуката за отстранување беше донесе на седница на Владата, а со цел на граѓаните да им биде комплетно достапен јавниот простор околу објектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.