Ниско ниво исполнување на принципите на добро владеење во општините, значителни напори се потребни во страна на локалните самоуправи во Полошкиот плански регион и во Скопскиот плански регион за подобрување и има уште многу вакви примери. Значи ова не е прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ туку Извештај од Фондацијата „Метармофозис“ финансирана од УСАИД проектот за Граѓанско учество, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски на денешната панел дискусија „Европски практики во локалните самоуправи“ по повод 100 дена локална власт.

Клековски додаде дека проблемите затекнати не се бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сака да ги критикува претходните градоначалници од СДСМ, туку дека тие критики се констатирани од страна на независни извештаи и експерти, посочувајќи дека тоа е само еден фактор што има промена во однос на локалната власт.

Проблемите затекнати не се резултат на сега дојде ВМРО-ДПМНЕ па плукај по претходните, тие се констатирани од независни извештаи и експерти и предизвикот е голем. Посебно проблемите се во Полог и во Скопје и објаснуваат зошто имавме таква голема промена во Тетово и во Скопје, дека тие лоши резултати во граѓанското учество и доброто владеење беа еден од клучните фактори што ја соборија власта во овие поголеми урбани центри, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски на денешната панел дискусија „Европски практики во локалните самоуправи“ по повод 100 дена локална власт, смета тој.

Клековски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се носители на сите клучни реформи во државата во однос на воспоставување на главните механизми за транспарентност.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беа носители на сите клучни реформи во оваа држава. ВМРО-ДПМНЕ ги постави главните механизми за транспарентност, тоа се Е-набавки во Бирото за јавни набавки каде што може секоја јавна набавка да се провери, тоа е централниот регистар каде што може да се провери сопственоста и финансиите на тие трговски друштва, и Катастарот каде што може да се провери сопственоста на сите имоти во земјата, рече Клековски.

Едно од најголемите постигнувања на граѓанското општество било кога во историјата на Македонија, а тоа е донесувањето на Стратегијата за животна средина, законот за животна средина, основањето на министерството за животна средина во 1998 година е во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Клековски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.