„Претседателски амбиции отсекогаш имало многу само прашање е кој ќе успее да ја добие поддршката од граѓаните или 10 илјади потписи или потребниот број пратеници. Така што мислам дека сите политички партии ќе се обидат да демонстрираат колкава е нивната моќ. Не верувам дека тоа ќе биде проблем за одреден број од кандидатите. Од моето искуство на собирање потписи тоа не е толку едноставна задача бидејќи потписите се собираат на овластени места во подрачните единици, и граѓаните мора лично да се појават.Сметам дека ќе има 5-6 кандидати кои ќе ги потребниот број на потписи. За ВМРО-ДПМНЕ овој број на кандидати е поволен пред се затоа што пропадна долго најавуваната европска коалиција за европска Македонија каде што очекувањата беа дека позади еден кандидат ќе застанат две три или четири партии и во основа сите тие што треба во првиот круг да поддржат кандидатот на власта се одлучија за самостоен настап. Идејата да се направи еден фронт против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ мислам дека во оваа фаза не функционира и тоа е важно за нас. Веќе кога сите поставуваат услови да спомнам дека тоа да ДУИ има претседателски кандидат беше еден од условите да после изборите можеби ВМРО-ДПМНЕ воопшто разговара со ДУИ за некоја коалиција, кога веќе сите поставуваат услови и јас да споменам еден“, кажа Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на 24 Анализа на ТВ 24.
Клековски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ направи добар избор и го има најдоброто решение во моментот за кандидат за претседател и даде поддршка за Гордана Силјановска Давкова.
„Јас не знам ниту еден кандидат на ВМРО-ДПМНЕ кој нема блиски ставови со партијата на ВМРО-ДПМНЕ, калкулирањето дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропски и неевропски сили мислам дека е маркетинг манипулација на власта.Во ВМРО-ДПМНЕ нема разлики кога станува збор за прашањето на пример за уставните измени.Во однос на тоа прашање нема разлики. Го ценам политичкото искуство на Гордана Силјановска Давкова како најпотребно во моментот и дополнително има една смиреност што можеби е потребно во овој момент на политички страсти и по тие две карактеристики би ја одвоил од другите.Го поддржувам изборот и сметам дека стигнавме до најдоброто можно решение за кандидат за претседател“, истакна Клековски.
Клековски издвои уште една карактеристика за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДС и истакна дека се прави исчекор и модернизација на политиката.
„Во однос на Стево, Гордана жена е,во смисол на една модернизација на политиката сметам дека треба да направиме уште еден исчекор“, кажа Клековски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.