Уредникот Бранко Героски објави документ за инцидент случен во гевгелискиот суд во 2001 година, во кој вмешани се поранешната обвинителка и шефица на СЈО Катица Јанева и нејзиниот татко, подоцна осудени на условни затворски казни.
Има некои недоветници кои одвреме-навреме ја пласираат во јавноста старата теза дека Катица Јанева била намерно искомпромитирана во медиумите (заедно со фамфаталната Фатиме Фетаи), со цел да се урниса нејзиниот углед и на тој начин прво да се поткопа, а потоа и целосно да се уништи Специјалното јавно обвинителство. Тие недоветници упорно тврдат дека Катица била „наместена“ да прими поткуп. И уверуваат станувало збор за извонредно чесна и способна јавна обвинителка, без дамки во нејзината кариера. Ете затоа одлучив документот да го „откопам“ и да го претставам јавно, вели Героски, претставувајќи го случајот на „обвинителскиот ангел“.
Таткото на Катица со чадор го тепал адвокатот среде судница!
Станува збор за првостепена пресуда на Основниот суд од Гевгелија К.бр. 5/2000, донесена од судијата Иван Стаменов. Со оваа пресуда, првообвинитетиот Костадин Д., пензионер, е осуден на условна затворска казна од 4 месеци за кривично дело Загрозување на сигурноста по член 144 став 1 од Кривичниот законик, додека второобвинетата Катица Јанева, ќерка на Костадин Д., со условна затворска казна од 2 месеца за кривично дело Навреда од член 173 став 1 од КЗ (ова кривично дело веќе не постои-з.м.). Во време на извршувањето на кривично дело, Катица Јанева била вработена во Основниот суд во Гевгелија на местото стручен соработник. Тужителот Зоран Шуклев бил и сè уште е адвокат.
Кривично-правниот настан се случил на 19 октомври 1999 година, во големата сала на гевгелискиот суд, за време на расправата за граѓанска парница, во кој првообвинетиот бил тужена странка. Шуклев бил приватен тужител, полномошник на извесна Зага Г. Во напната атмосфера, каква што често има во нашите паланечки судови кога луѓето се судат за меѓа и за сенешто, се случил инцидент што судијата Стаменов педантно го опишал во пресудата. Цитирам:
„За време на одржувањето на расправата првообвинетиот Костадин Д. по изнесени наводи на тужителот како полномошник во парничниот предмет првообвинетиот без повод и причина почнал да го пцуе на тужителот, почнал сериозно да се заканува дека ќе нападне врз него, потоа станал од местото од каде што седел и се упатил на другата страна према тужителот со предмет – чадор и го удрил на 2 пати односно замавнал и еднаш го удрил по рака и еднаш по нога, потоа земал стоилица со намера тужителот да го удри …“
Големата мисла на идната специјална обвинителка – адвокатско гомно, ќе видиш ти за ова!
Во тој момент влегле сведоци и го спречиле Костадин Д. да го удри адвокатот Шуклев со столицата, по што тој успеал да избега од судницата. Но, судењето требало да продолжи, бидејќи требало да се сослушаат сведоците. Судијата Стаменов опишува што се случило понатаму:
„Од кога тужителот (Шуклев – з.м.) се повратил во судницата и тргнал на своето место … влегла внатре и била присутна и второобвинетата Катица Јанева, која на тужителот му се обратила со зборовите АДВОКАТСКО ГОМНО ЌЕ ВИДИШ ТИ ЗА ОВА за да потоа на барање на судечкиот судија и од страна на веќе пристигнатата судска полиција била отстранета од судницата“.
Повеќе на Плусинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.