Околу 300.000 дози од вакцината „Фајзер“ до крајот на месецов ќе завршат како медицински отпад на депонијата Дрисла, поради тоа што им истекува рокот на употреба, објави телевизија Телма.

Од Министерството за здравство велат дека на крајот на февруари ќе започне постапка за нивно уништување, но смируваат дека има залихи од вакцината и дополнително во наредниот период треба да пристигнат нови дози.

– Во моментот Министерството за здравство располага со 447.070 дози на вакцини против КОВИД-19, производ на Фајзер, како и со одредени количини вакцини на Синофарм и Синовак, кои се користат за втора доза, одговориле од министерството.

Идната недела се очекуваат 250.000 дози донација од Италија, а 500.000 од мај до декември ќе се доставуваат преку директен договор на Владата со производителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.