Францускиот предлог помина во собрание. Го изгласаа владејачката коалиција и дел од албанските опозицциони пратеници. Пред гласањето пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев нагласи дека ќе си лежат сите до еден за предавство, ќе си лежат и ќе си одговараат сите до еден затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи.
„И ова што го правите сега е исто како она што го правевте минатите денови за луѓето што гаѓаа со јајца од протестите определувавте притвор, а за оние со пиштолите кај Скендербег излезе дека биле со цвеќе. Срамота патетични сте, изгубени сте и само да ве потсетам една работа која што колегата Ковачки ви ја кажа пред два дена, ќе си лежите сите до еден за предавство, ќе си лежите и ќе си одговарате сите до еден. Да читајте книга претседателе на влада, климајте со глава и смејте се, тука ви е Тупанче прашајте го, ова согласно кривичен закон што го правите е велепредавство, за ова се одговара, и ќе одговарате сите до еден. Македонскиот народ е трпелив македонскиот народ тоа го покажа низ историјата, но македонскиот народ е и кроток, македонскиот народ знае да прости но за некои работи нема простување. Затоа што не сме ни глупи не сме ни слепи, луѓето кои што излегуваат позади, и кој што ви кажуваат да кажете не, еден ден а тоа ќе биде многу брзо ќе дојдат по своето. Затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи “ истакна Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.