Министерот за надворешни работи Бујар Османи го поздрави изгласувањето на францускиот предлог. За Османи ова е знак дека граѓаните ја споделуваат истата визија со него и СДСМ, но и дека Македонија ќе стане пристојно место за работа и живот.

👉 Ги поздравувам денешните заклучоци на Собранието, кое по тридневна широка дебата, предложи Владата да ја усвои Предлог-преговарачката рамка со цел отпочнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
👉 Нашата држава ќе продолжи на патот на европската интеграција со визија да биде земја на вистински европски реформи и пристојно место за живот и работа.​
👉 Граѓаните ја споделуваат оваа визија и сакаат да станат дел од европското семејство и да придонесат во втемелувањето на европски принципи, демократија, владеење на правото и економски просперитет, напиша Османи на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.