На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за можна промена во периодот на важење на сертификатите после прележан Ковид-19. Според портпаролот на КЗБ, Злате Мехмедовиќ, таа е една од точките за која ќе се расправа денеска.

Ќе дискутираме дали може да има измени во времетраењето на сертификатот за прележаност, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.

Тој најави дека ќе се дискутира и за пресметката на големиот број починати од коронавирус во земјава.

Ќе дискутираме за морталитетот за да се знае колку од починатите се со две дози, колку не примиле бустер, колку време поминало после вакцинирањето, дали имаат одредени коморбидитети, појасни д-р Мехмедовиќ.

На дневен ред е и актуелната епидемиолошка состојба во земјата, а на денешната координација на министерот со надлежние од ковид центрите е констатирано дека слободни места за хоспитализација има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.