Општинските власти раководени од кадрите на ДУИ и СДСМ се симбол за неработење и лажни ветувања. Затоа нема ни отчет за сработеното, ниту пак нешто се работи на терен. Се што ветија останува на хартија, затоа што се неспособни и неодговорни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, кој доаѓа на оваа позиција како наследник на Богдановиќ и Жерновски наместо да го среди урбаниот хаос во Центар, продолжи таму кај што застанаа неговите претходници. Во општина Центар владее урбанистичко дивеење и локалната власт миже пред тоа што им се случува на центарци. Новите објекти кои никнуваат на Водно ги гледаат сите, само не надлежните служби на општината. За тоа е одговорен Герасимовски, подеднакво колку и неговите претходници.

За се што ветија, како намерно обратно да прават.

Во Валандово говореа дека ќе спречат иселување на младите, а токму сега се случува егзодус на младите од општината. Ниту има економска перспектива, ниту вработувања ниту инвестиции. Единствено само го поскапеа животот и давачките на граѓаните.

Во Дојран пак, пред изборите ветуваа капитални инвестиции, почнаа работни активности и на крајот останаа само дупки и нечепнати проекти. Наместо канализација во селото Црничани има 3 отворени шахти. Во Фурка наместо канализација останаа дупки, а во Ромската маала отпадните води течат по улица. Ете ова е резултатот од нивното неработење. Полни усти ветувања во време на кампањата, после ги нема 4 години, а пред крајот на мандатот почнуваат нешто колку да замачкаат очи, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.