Вања Ѓорчевска, 14-годишното девојче кое исчезна одејќи кон училиште во центарот на Скопје е пронајдена мртва во околината на градот.Од страна на истите убијци настрадал и велешкиот фризер Панче Жежовски (74), и неговото тело денес беше пронајдено во Велес.
Информацијата ја потврдија од МВР, појаснувајќи дека мотивот за двете убиства, извршени од истите убијци е користољубие.
Вања и Панче никогаш во животот не се познавале, ниту пак се сретнале. Тоа за „Фокус“ го откри неговата ќерка Македонка.
Во телефонски разговор, таа тврди дека ниту таа, ниту пак било кој од нејзиното семејство ја познавал Вања или некој од нејзиното семејство.
– Ниту татко ми, ниту било кој од нас го познавал девојчето лично. Јас сум во полициска станица, уште не знам ништо, освен тоа дека татко ми бил пронајден мртов, закопан. За тоа дека мотивот за убиството бил користољубие, првпат слушам од вас, од новинарите. Не сум го прочитала соопштението од МВР, но можам да кажам дека татко ми никогаш не бил богат човек, затоа и терминот користољубие не знам што значи. Во станица сум, не можам ништо повеќе да кажам, бидејќи и јас немам детали – истакна ќерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.