ВМРО-ДПМНЕ денеска до Уставниот Суд поднесЕ претставки за проценка на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи (односно Член 3) и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Член 5) двата објавени во „Службен весник “ на 03.06.2021 година.
Со овие претставки се бара Уставниот Суд да поведе постапка за оценување на уставноста на овие два члена. Дополнително во двете претставки се бара Уставниот суд да донесе РЕШЕНИЕ ЗА ВРЕМЕНА МЕРКА. Односно согласно Деловникот на Уставниот суд, Уставниот Суд да го запре извршувањето на оспорените членови на Законите, се’ до одлучувањето дали се тие уставни или не-објави портпаролот Наум Стоилковски.
Двата члена, односно во двата закони се наведува дека патните исправи, односно возачките дозволи и возачките книшки, „кои го содржат натписот Република Македонија издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година“. Овие членови во двата закони се директно спротивни на Уставот, и тоа во членовите 8, 9, 11, 25 и членот 27 од Уставот.
Почитувани, со прифаќање на предлогот за времена мерка до носење на конечна одлука, би престанало да важи 12ти февруари како краен рок за важење на пасошите и возачките дозволи, наведено токму во оспорените членови.
Уставниот суд до сега покажал ажурност за носење на одлуки и очекуваме тоа да се случи и сега. На тој начин ќе се надмине оваа криза којашто е предизвикана од неспособноста на власта, намерна или ненамерна. Имајќи ја предвид состојбата пред пунктовите за фотографирање и за земање на новите документи, имајќи ја предвид состојбата дека нема нови обрасци во МВР, а тендерот е закажан за март месец, половина од луѓето на коишто им биле издадени пасоши и возачки дозволи (само 1,2 мил од 2,5 издадени пасоши досега се сменети) всушност МВР немаат можност да ги заменат документите до 12 февруари, како што предвидуваат овие два оспорени членови.
Воедно, со одлука на Уставниот суд за времена мерка за овие два члена, односно за ограничување на рокот на важење на документи, ќе се избегне дополнително компликување и товар врз Собранието или пак непотребни билатерални комуникации со други држави.
Се надеваме дека Уставниот суд ќе биде агилен и ќе ги земе предвид двете претставки за оцена, но и дека за двата оспорени членови на закон ќе се воведе времена мерка.
Во оваа прилика сакаме и да воочиме дека личните карти не се опфатени за промена со краен рок 12ти февруари. Тие важат и понатаму за се што е потребно, па граѓаните да не се изложуваат на понижувања и турканици за промена на лични карти. Рокот е само за пасоши и возачки дозволи.
Накусо, за овие три години СДС и ДУИ издавале документи со подолг рок на важење од она што го преземале како обврска во 2018 година, за сега, иако ги имале предвид податоците колку пасоши и возачки дозволи треба да се променат да не превземале навремени мерки и да се остави државата без потребниот број на обрасци во МВР.
Ова е веќе видено, СДС и Оливер Спасовски ваква иста состојба предизвикаа и во изборната 2020 година пред техничката влада, само и само со една цел, на штета на граѓаните, товарот да го префрлат на техничкиот министер од опозицијата односно од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.