Мафијата во Владата не бира кога и каде ќе краде. Во било кој ресор да се погледне сегде ќе се видат пипците на оваа корумпирана власт која го растура системот само да наполни нечиј џеб повеќе. Така е и во образованието.

Новата учебна година почна катастрофално. Две години печатат учебници и уште не ги испечатија, а наставните материјали кои ги подготвиле им се со катастрофални грешки. Во Европа за многу поситни работи министер за образование би си поднел оставка, но оваа корумпирана власт мува не ја лази – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат, тоа што го нарекуваа нова спектакулрана концепција, „самиот експерт кој ја подготвуваше ја прогласи за пропадната, но зад себе остави проблеми во кои наставници без соодветно образование ќе треба да предаваат наставни материјали на учениците. И ова го нема во Европа“.

Оваа криминална и корумпирана власт гледа само како да направи некој бизнис повеќе. Нив не ги интересираат ни ученици, ни учебници, ни концепции, ни наставници. Нив ги интересира само личниот интерес. Создадоа хаос во образованието и тој хаос скапо ќе ги чини генерациите ученици.

Уништувањето на образованието, е рамно на уништување на една нација. За тоа мора да има одговорност – стои во соопштението исшратено до медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.