Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека со пари на општината се плаќале ручеци за активисти на политичката партија ДУИ.
На пример, имаме сметка од 80,000 денари за ручек на кои биле партиски активисти на ДУИ. По објавувањето јавно на договорите на дело неколку луѓе ми се јавија, како на пример за овој случај каде ми рекоа дека тие не направиле никаква услуга за општината туку наплатиле за ручек кој изгледал како партиски ручек. Значи, се плаќале тие ручеци преку договор на дело, вели Касами во „Click Plus“ на ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.