Павле Трајанов во интервјуто на „Република“, кое во целост ќе биде објавено утре проговори за искуството што го имал како поранешен министер за внатрешни работи со Карла Дел Понте која долги години беше главна обвинителка на Хашкиот трибинал.
Дел Понте во својата книга „Обвинителка во лов“ ја опишува средбата што ја имала со Трајанов во Скопје во 1999 година. Дел Понте тврдела дека има информации оти во Македонија се крие Ратко Младиќ. Трајанов во интервјуто. објаснува дека тоа не било точно, иако имале точни сознанија каде е Младиќ.
Колку што се сеќавам беа заедно со Весли Кларк.Таа се интересираше но тоа не беше апсолутно точно. За Ратко Младиќ имавме точна информации каде е но оти не е во Македонија.Јас презентирав дека Младиќ ја напуштил, дека во неговиот стан седи припадник на државната безбедност и оти апсолутно не се точни информациите дека ние го обезбедување и го чуваме.Тоа беше сосема погрешна информација.За жал тие имаа погрешни или провокативни информации да се сврти вниманието од другите настани.Македонија тогаш беше главен сојузник на НАТО-објаснува Трајанов во интервјуто за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.