Оливер Спасовски упати апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓањето на нашиот великан Гоце Делчев и вети дека како министер за внатрешни работи нема да дозволи понижување на македонскиот народ.

Потенцираше дека институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано. Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого. Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме. Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас. Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат. Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите. Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат. Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции. Секој да овозможи чествувањето на 4 Февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата. Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата!, порача Спасовски во својот апел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.