Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, денеска ќе потпише Работен договор за соработка меѓу двете институции со Eвропската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси.

Официјалното потпишување на документот ќе се одржи напладне во седиштето на Европското јавно обвинителство во Луксембург.

Како што сооошти Јавното обвинителство, на потпишувањето ќе присуствуваат и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами и в.д. шеф на Мисијата на Република Македонија во ЕУ, Миле Прангоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.