И актерот Владо Јовановски не може да се изначуди на високата бугарска делегација на чело со премиерот Кирил Петков на отворањето на клуб именуван по фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов.

’Умре последниот балкански вампир’!

Ова беше насловна страница на тогашна ‘Нова Македонија’ во 1990 година, по повод смртта на 94-годишниот Иван – Ванчо Михајлов. Контроверзна историска личност, која за време на Втората светска војна беше под директна заштита на неговите пријатели Хитлер, Мусолини и Павелиќ. Човек кој се бореше за Македонија како ‘Швајцарија на Балканот’, се разбира, без Македонци. Да не зборувам за стотиците убиени по негова наредба…

И што има заедничко неговиот лик и дело со културен центар и со библиотека? Како би ги зближило тоа македонскиот и бугарскиот народ? Ако утре добрососедски ни се наложи заеднички да го чествуваме Радко, ќе мораме ли да ги славиме и неговите покровители и идеолошки пријатели?

Срамно и тажно!

И да, не е последниот вампир!

За жал, има уште многу…

Се плашам дека нема толку глогови колци колку што има ‘вампири’!

На денешен ден Христос го воскресна четири дена починатиот пријател Лазар!

На ваков светол ден да се обидуваш да го повампириш темното минато, нешто не е нормално.

Дефинитивно, не сме пиеле од ист извор, немаме заедничка историја и не сме ист народ.

Да, ама за вакви и слични понижувања никој не ни е виновен.

Проблемот е во нас, Македонците!“, ќе заклучи Јовановски во објавата на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.