Францускиот предлог илустрира колку ЕУ е дисконектирана од реалноста на Балканот, коментира поранешниот советник за финансии, професорот Бранимир Јовановиќ.
Секој со основно познавање на ситуацијата во Македонија би знаел дека предлогот не може да биде прифатен од народот и дека може само да води кон масовни протести. Можните епилози одат од рушење на актуелната влада до само формално прифаќање на предлогот, без реална имплементација. Во обата случаи, земјата нема да направи никаков прогрес кон ЕУ, што ќе го храни национализмот и евроскептицизмот. Затоа ЕУ нема друга алтернатива освен комплетно да го повлече предлогот и веднаш да започне преговори со Македонија, без никакво одложување или условување. Тоа нема да ги залечи сите рани, но, барем некоја надеж ќе остане, вели тој.
The French proposal illustrates how disconnected EU is from the reality in the Balkans. Everybody with a basic knowledge of the situation in MKD would have known that the proposal cannot be accepted by the people in the country and that it can only lead to massive protests. 1/3
— Branimir Jovanovic (@bran_che) July 5, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.