Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во Варна изјави дека е време за средба меѓу владите на Бугарија и Македонија побарала да се преземат посериозни мерки по последниот инцидент со граѓанин со бугарски идентитет.
Доставувањето нота до македонскиот амбасадор таа го оцени како недоволна акција, бидејќи има информации дека се подготвува текст за промена на уставот на Македонија, но во пракса нема никаков развој.
Потпретседателката Јотова повика да не заборавиме дека, покрај уставот на РСМ, треба да има измени и според потпишаните заеднички протоколи, кои зборуваат за промени во учебниците, оценување на историски датуми и личности и отворање на досиеја, но ништо од ова, како што вели, не е направено – пренесува бугарското „БНТ“
Не се осмелувам ни да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, која не е само на официјалниот кабинет, туку и на претседателската институција, на Народното собрание, не се осмелувам да мислам дека ќе има чекор назад, рече потпретседателката на Бугарија, пренесува медиумот.
Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека Бугарија не може да постави нови услови, бидејќи преговарачката рамка е затворена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.