Да најдеме секаков друг начин на притисок, но штрајк без настава за децата, на тоа не треба никогаш да се помислува, порача денеска министерот за образование и наука од студиото на ТВ21, а по повод најавите за штрајк на вработените во образованието.

Јетон Шакири вели дека овој септември вработените треба да добијат уште 10 отсто зголемување на платите, дека ќе стигнуваат 35.000, 36.000 денари, но дека „не може сè за една година“.

– Со новите проценти ќе стигнуваат повеќе од таа вредност, ќе стигнуваат повеќе од 35.000, 36.000, но секогаш ќе ги поддржувам наставниците, никогаш не е доволно и треба да имаат повисоки плати – вели тој.

Додека Независниот синдикат на вработените во образованието се жали на потпросечните плати и методологијата на пресметување, СОНК вели дека нема да го поддржи евентуалниот штрајк бидејќи во моментов течат преговори за зголемување на платите во образованието и се финализира потпишувањето на нов Колективен договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.