Зошто претседателе би му се јавувале на Ердоган? Ама кога ќе размисли човек можеби сепак е добро да се јавите, за да Ви каже Ердоган дека во нормални држави судството е независно и дека навиките од по дома да се јавувате на судии во нормални држави не проаѓаат? Особено не ако тоа го правите вака јавно и калкулантски за да ќарите некој евтин поен, му пораша поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски на претседателот Стево Пендаровски, откако тој најави дека ќе го барал турскиот претседател за да побара побрза екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Не така претседателе, еве еден совет… подобро би Ви било да:
– прашајте по дома дали е сѐ во ред со документите што ги испратија во Турција,
– дали преводот на документите е ок или од гугл транслејт е бидејќи е направен многу брзо,
– побарајте го македонскиот министер за правда (не е од ДУИ не се плашете) и директорот за дирекцијата за извршување санкции и прашајте ги дали можеби стрижењето на главите на останатите осомничени во овој случај ќе влијае на екстрадицијата на првоосомничениот и што правиме тогаш ако, не дај Боже, биде така,
Па и реално претседателе, прашајте што значи таквиот однос на затворските власти врз неосудени лица за презумпцијата на невиност како уставна и цивилизациска вредност итн итн…
– прашајте го министерот за внатрешни и оној обвинителон, зошто направија ваков хаос со истрагата и дали тоа може да влијае на исходот на случајот и што тогаш ако, не дај Боже, влијае?
Е сега да сме на јасно ова го кажувам само за да не дозволите како власти заради Вашата бахатост и желба за ќарување на евтини политички поени или во внатрепартиската битка кој ќе биде кандидатот за иден претседател на Македонија, да го упропастите овој најгрозоморен случај што толку ја потресе целата јавност… тоа никој нема да Ви го прости, му порача Шамбевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.