Министерството за образование и наука објави оглас за рецензенти на учебници за предмети во прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование.
Кандидатите што ќе се пријават за рецензирање на учебниците треба да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот, да бидат наставници од основно училиште соодветни за конкретниот предмет и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Рокот за аплицирање на повикот е 11 мај 2022. Пријавата е достапна на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk). Во објавениот оглас се наведени условите кои треба да ги исполнуваат заинтересираните, документите што треба да ги достават и начинот на аплицирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.