Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски доживеал непријатност во Рим каде што пред два дена бил поканет на собир на Партијата на Европските социјалисти, а сепак не му било дозволено да влезе на собирот.

Како што објави влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим.

Новинарите на Политико дури и пренесуваат што точно Ковачевски им рекол на организаторите на настанот:

Јас кога канам луѓе ги канам да влезат, а не да останат на улица, изјавил наводно Ковачевски откако бил одбиен да влезе на собирот на елитата на Европските социјалисти, пренесе Политика.

На крајот, сепак, очигледно недоразбирањето било решено и Ковачевски се обратил на панел-сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“. Тој се сретнал и со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

По завршување на конгресот Ковачевски изјави:

Денеска учествував на Изборниот конгрес на ПЕС, насловен како ‘Европа што ја сакаме, социјална, демократска и одржлива’, на којшто беше усвоен Манифестот на Партијата на европски социјалисти за претстојните избори и како заеднички кандидат на партијата кој ќе го води европското социјалистичко семејство на европските избори во 2024 година се избра еврокомесарот за работни места и социјални права, Николас Шмит – изјави Ковачевски.

Сличен регионален состанок со Партијата на европски социјалисти (ПЕС) се одржа и на 10 февруари годинава во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.